Денак Трејд | Производство - Денак Трејд
134
page-template-default,page,page-id-134,ajax_updown_fade,page_not_loaded,,large,shadow3

Производство

Во 2010 година Денак Трејд започнува со сопствено производство на мебел за бањи. Производствениот капацитет се простира на околу 5500 м2 површина, од кои 2200 м2 затворен простор (производствен погон и магацински дел). Опремен е со современи машини за обработка.

Интегрираната водечка технологија за производство на плочест мебел, наjвисококвалитетни материјали, претставуваат основа за целосно остварување и на најспецифичните предизвици при дизајн, изработка и монтажа на врвен мебел за бањи. 

Иновација, автентичност и прецизност, обликувани до совршенство.

Тоа се нашите двигатели за претворање на бескрајните идеи во единствени, трајни и исклучителни парчиња мебел за бањи.

Одделно развиените линии за изработка на уникатни колекции и сериско производство, имаат безгранични можности за примена на најразлични форми, дизајн решенија и материјали со широка палета на бои.

DSC_2136_1200x600

Сеопфатната конфигурација усогласена со барањата од ISO 9001 и ISO 14001 менаџмент системите, овозможува реализација на ефикасен и флексибилен производствен процес за конзистентна изработка на крајни производи со супериорен квалитет од областите на изработка на мебел за бањи.

Од дизајн, проектирaње, до изработка  креираме уметност во секоја фаза од создавањето на мебелот за бањи.